Општина Пехчево потпиша меморандум за директна соработка со Милиеуконтакт Македонија Печати
Напишано од Живко Каликов   
Четврток, 02 Мај 2013 11:45


Во клубот на новинари во Скопје, се одржа свечено потпишување на изјави за соработка и разбирање помеѓу здружението за одржлив развој - Милиеуконтакт Македонија и осумте партнерски општини во проектот на УСАИД ,,Општински стратегии за климатски промени ’’.

Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски и претседателот на Здружението Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија - Пехчево, Јасминка Пашалиска - Андоновска потпишаа меморандум за директна соработка и разбирање со здружението за одржлив развој - Милиеуконтакт Македонија.

На потпишувањето на изјавите за соработка се обрати директоротна мисијата на УСАИД во Македонија, г. Роберт Вурц, кој ја истакна важноста на градење на силни мрежи за соочување со климатските промени, додека директорот на Милиеуконтакт Македонија, г. Игор Славкоски даде краток вовед во проктот, кој е прв од ваков вид финансиран од УСАИД во светот.

Општина Пехчево е една од селектираните 8 општини кои со помош на програмата ќе добијат стратегија за климатски промени. Процесот на локално ниво е инициран партнерски меѓу Здружението Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија - Пехчево и општина Пехчево, а во изработката активно ќе бидат вклучени сите заинтересирани страни на локално ниво. Зелена агенда е партиципативен и демократски метод за развивање и имплементирање на локални стратегии и планови за одржлив развој со активно вклучување на различни сектори од локалната заедница каде процесот се спроведува. Процесот е уникатен и посебен во споредба со другите процеси кои имаат слични цели од три аспекти: 1. Процесот започнува со идентификувањето на локалните вредности наместо на проблемите; 2. Учеството во процесот не е ограничено само на експерти и одредени чинители, туку тоа е сеопфатен процес кој е отворен за сите; 3. Самиот процес е резултат, а како и резултатите кои произлегуваат од него се придобивка за локалното население.