Децата од градинката ,, 7 Септември ’’ во посета на градоначалникот Печати
Напишано од Живко Каликов   
Четврток, 02 Мај 2013 09:07


По повод престојните велигденски празници, децата од детската градинка ,, 7 Септември ’’ - Пехчево, го посетија градоначалникот подарувајќи му велигденско јајце, изработено од вештите раце на дечињата и вработените.

Во текот на посетата, децата му се заблагодарија на градоначалникот за приемот и му посакаа многу здравје, среќа и успех во работата, а сите овие честитки беа следени со повеќе точки покажани од дечињата.

Вработените во градинката исто така се заблагодарија за одличниот прием од градоначалникот и му посочија што недостасува во градинката, односно проширување, доградба на нови простории за подобрување на условите за што поголем број деца.

,, Денес меѓу мене се оние кои најмногу им се радуваме и ги сакаме, најмладите, нашата иднина, дечињата од градинката. Градинките се столбот на нашата грижа за едукација на децата и за нивна подготовка во повисоките степени на образование. Оттука и ние како локална самоуправа стоиме цврсто на ставот за максимална поддршка, за се што им е потребно за поуспешна работа. Грижата за најмалите треба да биде постојана, во смисла да се трудиме максимално, колку што ни дозволуваат можностите да помогнеме, во подобрување на условите на најмалите. Бев во посета на градинката, задоволен сум од условите, а пред се од хигиената која е на одлично ниво, а секако ќе разгледаме и низа приоритети кои градинката ги има со цел поуспешно функционирање. Ви се заблагодарувам што не посетивте и ви посакувам среќни Велигденски празници ’’, истакна градоначалникот Поповски.