Одржана работилница за проектот ,, Стратегија за климатските промени ’’ Печати
Напишано од Живко Каликов   
Петок, 19 Април 2013 11:14


Општина Пехчево е една од селектираните 8 општини кои со помош на програмата ќе добијат Стратегија за климатски промени. Процесот на локално ниво е инициран партнерски меѓу Здружението Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија - Пехчево и општина Пехчево, проект на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, кој се имплементира во соработка со Милиеуконтакт за Македонија ( МКМ ), чија цел е подготовка на општините за подобро справување со климатските промени со посебен фокус кон зајакнување на локалните демократски процеси и зголемување на нивните капацитети.

На првата средба беше презентиран процесот на зелената агенда која е партиципативен и демократски метод за развивање и имплементирање на локални стратегии и планови за одржлив развој со активно вклучување на различни сектори од локалната заедница каде процесот се спроведува.

Вчера во салата за состаноци на општина Пехчево се одржа првата работилница на која присуствуваа градоначалникот на општината, претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор започнаа со изработка на SWOT анализа. Процесот започна со идентификување на јаките и слабите страни, можностите и заканите од климатските промени со посебен фокус кон зајакнување на локалните демократски процеси и зголемување на нивните капацитети.

Во оваа пригода сакам да ја изразам мојата благодарност што пројавивте интерес и дојдовте овде активно да учествувате во процесот, чија цел е подготовка на општината за подобро справување со климатските промени. Мислам дека е добро да се чујат анализите и резултатите и да забележиме што конкретно треба да задржиме, усовршиме или измениме за што полесно и поефикасно да се справиме со климатските промени истакна, градоначалникот Игор Поповски.

Во изработка на проектот активно ќе бидат вклучени сите заинтересирани страни на локално ниво. Процесот е уникатен и посебен во споредба со другите процеси кои имаат слични цели од три аспекти: Процесот започнува со идентификувањето на локалните вредности наместо на проблемите, учеството во процесот не е ограничено само на експерти и одредени чинители, туку тоа е сеопфатен процес кој е отворен за сите, а резултатите кои произлегуваат од него се придобивка за локаното население.