Јавни претпријатија |
![]() |
![]() |
![]() |
Напишано од Admin |
Понеделник, 14 Февруари 2011 09:01 |
Јавни претпријатија во Општина Пехчево се : -ЈКП ,,Комуналец,, - Пехчево и -ЈПУД ,,Равен,, - Пехчево Јавното претпријатие за услужни дејности ,,Равен,, -Пехчево е основано на 10.09.2010 година.Потребата да се основа претпријатие за погребални и други услуги произлезе од промената на Законот за погребални услуги поради кои ЈКП ,,Комуналец,,повеќе не смееше да биде претпријатие кое ја врши и услугата одржување на гробиштата и другите погребални услуги.Поради тоа Општина Пехчево го основаше јавното претпријате за услужни дејности Равен.Меѓутоа ЈПУД ,,Равен,,врши и други услуги согласно со законот бидејќи се наметна потребата за вршењето на некои други услуги да се префрлат на новото претпријатие. Директор на ЈПУД ,,Равен,, - Пехчево е Звонко Бочварски од Пехчево. Вкупно вработени во моментов во ова претпријатие има седум лица вклучувајќи го и директорот. Од основањето па до денеска ова претпријатие работи успешно.Во моментов во надлежност на ЈПУД ,,Равен,, -Пехчево е училишната кујна во Пехчево,булдужерот кој е постојано ангажиран од другите општини,физички и правни лица што е финансиски допринос за претпријатието и општината и сл.Со префрлањето на уште должности кон претпријатието се надеваме дека ќе биде зголемено и задоволството на граѓаните од услугите кои тоа го дава и ќе го дава во иднина. Јавно претпријатие ,,Комуналец,,- Пехчево се основа заради вршење на стопанска дејност од комунална област од јавен интерес, а која е незаменлив услов за животот и работата на граѓаните на територијата на општина Пехчево. ЈКП има својство на правно лице со своја жиро-сметка, а за преземените обврски во правниот промет одговара со целокупниот свој имот со целосна одговорност. Јавното претпријатие ,,Комуналец,, е основано со акт за основање од советот на Општина Пехчево со одлука бр.0801-80 од 26.05.1997 година.Директор на ЈКП е Илија Галазовски. ЈКП во рамките на својот делокруг на работење ги врши следните работи : Го утврдува и организира снабдувањето со вода за пиење под што се подразбира зафаќање, обработка и дистрибуција на вода до мерниот иструмент на корисникот.Обработка и испорака на технолошка вода, под што се подразбира зафаќање, обработка и дистрибуција на вода до мерниот иструмент на корисникот. Одведување и пречистување на отпадни води под што се подразбира прифаќање на отпадни води од куќниот приклучок на дворната канализациона мрежа, одведување со уличната канализациона мрежа, пречистување и испуштање во реципиент, како и чистење на септички јами.Одведување и испуштање на атмосверски води, под што се подразбира прифаќање на атмосверските води од урбани површини, одведување со канализациона мрежа и испуштање во реципиент. Ги уредува и организира работите сврзани со јавната чистота во согласност со Законот за Комунални дејности под што се подразбира : обработка и депонирање на комунален и цврст одпад од населението и индустријата, негова рециклажа и преработка, депонирање на уредени депонии, како и одржување на депониите.Депонирање на индустриски одпад и штетни материи, под што се подразбира собирање, обработка и депонирање на одпадот на уредени депонии, како и одржување на депониите.Одржување на јавна чистота во градски и други населби под што се подразбира чистење (миење и метење) на јавни сообраќајни површини, одржување на пешачки патеки, детски игралишта, отворени одводни канали, кејови како и чистење на снегот во зимски услови.Одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми, водни и рекреативни површини, под што се подразбира подигање, одржување и користење на зелени површини, садење на ниска и висока вегетација и сл.Оџачарски услуги под што се подразбира чистење и контрола на објектите за спроведување на чад и опрема за ложење.Погребна служба, уредување гробови под што се подразбира : Одржување на гробови, гробишта, крематориуми и давање погребални услуги,одржување на просторот, зградите и давање погребални услуги и тоа : Преземање, чување, опремување и превоз на умрените до местото на закоп или кремирање.Јавен градски и приградски превоз согласно закон, одржување на улична сообраќајна сигнализација и други инфраструктурни објекти од локално значење и нивно редовно одржување.Одржување и користење на јавниот простор за паркирање и утврдување на начинот на неговото користење.Одржување на јавното осветлување во исправна состојба и улично осветлување во општината. |