Соопштение - Инфо ден за измените на ИПАРД програмата |
![]() |
![]() |
![]() |
Written by Admin |
Tuesday, 09 July 2013 09:27 |
There are no translations available. Согласно на Јавниот повик 01/2013 за доставување на барање за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија ( ИПАРД Програмата ), која е објавена во Петок 31.05.2013 година во дневните весници Вечер, Дневник и Коха, како и на интернет страниците на Секторот за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година во соработка со општина Пехчево ќе спроведе инфо ден за измените на ИПАРД програмата 2007 - 2013, со што заинтересираните граѓани на општина Пехчево ќе се запознаат со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007 - 2013 и начинот на користење на средства од програмата. Информативниот ден ќе се одржи на 11 јули 2013 година ( четврток ) во Домот на културата ,, Јане Сандански ‘‘ - Пехчево со почеток во 19 часот. |