Образование |
![]() |
![]() |
![]() |
Written by Admin |
Thursday, 28 October 2010 11:21 |
There are no translations available.
Општинско основно училиште ,, Ванчо Китанов ,, во Пехчево својата образовно - воспитна дејност ја започнува по ослободувањето - есента во 1944 година, прво во просториите на поранешната касарна, потоа во стариот училишен објект. Во наредните години и децении училиштето растело и се развивало во секој поглед. Училиштето има 24 училници кои се опремени со компјутер за секое дете, шест кабинети по : информатика, биологија, физика, хемија, ликовно и по музичко образование и една работилница по техничко образование. Училиштето одржува и училишна библиотека со фонд од 7600 наслови од лектирни изданија, стручна, уметничка и друга литература. Денес во составот на ОУ ,, Ванчо Китанов ,, во Пехчево работат и пет подрачни училишта во селата : Црник, Панчарево, Робово, Умлена и Чифлик. Во ОУ ,, Ванчо Китанов ,, - Пехчево 2008/09 започна реализација на проектот на Владата на Република Македонија за задолжително средно образование,така што почнувајќи од 2008/09 година,настава се изведува и за средно гимназиско образование во 6 дисперзирани паралелки на Средното општинско училиште - Гимназија Ацо Русковски во Берово. Ул.,,Даме Груев,,бр.1 Тел: 033/441-126 Факс: 033/441-126 E-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it Директор: Валентина Станоевска
Општинската јавна установа - Детската градинка ,,Јане Сандански,, во Пехчево е основана во 1977 година.Нејзиното основање е одговор на нараснатите потреби за организирано институционално згрижување и воспитание на предучилишните деца. Почетокот е скромен со мал број вработен стручен и помошен персонал.Меѓутоа интересот за сместување на децата брзо растеше,па така се зголемуваше и приемот на воспитен и административно техничкиот состав. Условите за работа и за постигнување на поквалитетно згрижување и поквалитетна воспитно-образовна дејност битно се подобрија со изградбата на новиот наменски објект: Општинската јавна установа - Детската градинка ,,Седми септември,, во Пехчево која успешно функционира повеќе од три децении. Детската градинка ,,Седми септември,, во Пехчево негува постојана консултативна и друга успешна соработка Општината,Министерство за труд и социјална политика и со јавните институции во Општината - Пехчево: Основното училиште ,,Ванчо Китанов,, Народната библиотека ,,Кочо Рацин,, Домот на културата ,,Јане Сандански,, и други како и со не4владини асоцијации и стопански субјекти.Доста време и труд се посветува на соработката со други детски градинки во регионот и во државата ( Берово,Делчево,Виница и др.) а исто така и со соодветни установи во други земји: детска градинка ,,Индира Ганди,, од Правец - Република Бугарија. Градинката мошне грижливо работи на детското ангажирање во културно - забавниот живот,преку кое развиваме и остваруваме различни интелектуални,емоционални и особено социјални чувства и однесување.Во тој поглед важна воспитно - образовна улога има Игротеката,во која се одржуваат и роденденски прослави. Традиционални приредби во детската градинка се: Априлијада,Новогодишна бајка,Недела на детето и др.на кои присуствуваат и родителите. Ул.,,Даме Груев,, бб Тел: 033/441-331 Факс: 033/441-331 e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it Директор: Гордана Вазлиска |