Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Добредојдовте

 Почитувани посетители !!

       

Да ве поздравам од мое име и од име на Општина Пехчево.

Добредојдовте на официјалната веб страна на општината.


           Градоначалник

      Г-дин Игор Поповски

Мени

  • Почетна
  • За Пехчево
  • Локална Самоуправа
  • Урбанизам
  • Образование
  • Култура
  • Спорт
  • Туризам
  • Фотогалерија
  • Линкови
  • Контакт
  • Вести
  • Јавни набавки
  • Публикации
  • Видео
  • Општинска изборна комисија



Галерија од фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2011






 

Информатор на Општина Пехчево.

Општина Пехчево
Постапување со бесправно изградени објекти (дивоградби) PDF Печати Е-пошта
Напишано од Admin   
Понеделник, 14 Март 2011 08:57

     Соопштение  

                                                     

 

Општина Пехчево ги известува граѓаните на општината дека на ден 14 март (понеделник) во 17 часот во кино салата при Домот на културата Јане Сандански организира трибина во врска Законот за постапување со бесправно изградени објекти (дивоградби).

Гости на трибината ќе бидат претставници од Министерството за транспорт и врски кои ќе го презентираат наведениот закон и ќе одговараат на прашањата на заинтересираните граѓани.

 
Менаџери и стручнаци од компанијата ,,Солвеј,, во посета на Пехчево PDF Печати Е-пошта
Напишано од Admin   
Понеделник, 28 Февруари 2011 12:54

На разговор со Градоначалникот на Општина Пехчево д-р Јованчо Станоевски беше целокупниот менаџерски и стручен тим на рудникот за бакар ,,Бучим,,од Радовиш кој исто така е во сопственост на ,,Солвеј,, од Русија.

Експертите го посетија Пехчево и местото каде треба да никне новиот рудник.Господинот Николајчо Николов управител на ,,Кадиица Метал,, и заменик генерален директор на Бучим изјави дека досега извршените истражувања ни влеваат огромен оптимизам во постоењето рудни резерви на оксиден бакар погодни за економска експлоатација.

Повеќе...
 
Пехчево се опари од русите PDF Печати Е-пошта
Напишано од Admin   
Петок, 28 Јануари 2011 11:55

,,Солвеј,, ги честеше општините со 170 000 евра,како дел од надоместот за концесија.

Три општини се опарија од Русите. Точно 11.5 милиони денари легнаа на сметките на Пехчево, Конче и на Штип. Ова е дел од концесискиот надомест за геолошки истражувања на рудни резерви,кои од февруари ги почнува ,,Солвеј,, преку своите две нови фирми ,,Кадиица метал,, и ,,Боров дол,,.

Пехчево ќе добие најмногу од концесискиот колач. Во буџетот на оваа пасивна малешевска општина ќе се слее сума од 115 000 евра.

Повеќе...
 
Oпштина Пехчево на саем за рецептивен туризам во Охрид PDF Печати Е-пошта
Напишано од Admin   
Четврток, 20 Јануари 2011 09:46

                                                        

Претставници од Општина Пехчево учествуваа на 4-тиот саем за рецептивен туризам кој се одржа во Охрид од 17 до 19 Јануари 2011 година.Саемот беше во организација на Агенцијата за подршка и развој на туризмот во Република Македонија под покровителство на премиерот на Владата на Република Македонија г-динот Никола Груевски.

Повеќе...
 
Среќна нова 2011 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Admin   
Четврток, 30 Декември 2010 08:19
Здравје, среќа, мир, вера и надеж, успех и просперитет на секој поединечно и многу весели моменти во идната година да делиме  заеднички.

 Деновите од 2011 година да ни бидат вистински Божји дарови, да царува слогата, разбирањето и разумноста во нашите срца, семејства, работни  средини и насекаде околу нас.Среќна нова 2011 и среќни новогодишни и божиќни празници ви посакуваат Градоначалник на Општина Пехчево д-р Јованчо Станоевски и вработените во Општина Пехчево.
 
Повеќе Артикли...
  • Отварање на рудникот кај Пехчево ќе вработи луѓе од Малешевијата
  • Спортски турнир во ракомет во Пехчево
  • Се одржа фестивалот распеано малешевче
  • Даночен шалтер во Пехчево
<< Почеток < Пред 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следно > Крај >>

Страница 38 од 40

Барај...

Банер
Банер
Банер


 

 



 


 

 


 

 

 

 

Анкета

За заживување на економијата во општина Пехчево потребно е:
 
Има 49 гости присутни

© 2010  Општина Пехчево